петок, 8 ноември 2024

Хезболах ја проби „Железната купола“, погодена е Хаифа, Израел ги продолжи бомбардирањата на Бејрут (ВИДЕО)

Ракети на либанската паравоена група Хезболах ја погодија Хаифа, третиот по големи град во Израел, соопшти утринава израелската полиција. Израелските медиуми, пак, пренесуваат дека десет лица се повредени на северот на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хезболах соопшти дека со салва ракети гаѓал воена база јужно од Хаифа, а во медиумите извештаи се тврди дека две ракети го погодиле градот, пренесува Ројтерс. Полицијата соопшти дека во нападот се оштетени неколку објекти и дека се примени дојави за полесно повредени луѓе кои се префрлени во болница.

Ова е прв директен напад на северниот град, а ракетите ги избегнале системите за противвоздушна одбрана на израелската војска, меѓу кои фалената „Железна купола“. Војската потврди дека истражува како проектилите на Хезболах успеале да ја пробијат противвоздушната одбрана.

Во меѓувреме, израелската војска (ИДФ) јави дека авиони на военото воздухопловство погодиле цели на Хезболах во Бејрут, вклучувајќи инфраструктура за собирање разузнавачки податоци, командни и други објекти.

Во текот на изминатите неколку часа во воздушните напади се погодени складишта на оружје на Хезболах во областа на Бејрут, се наведува во соопштението на ИДФ, и се истакнува дека по нападот се забележани секундарни експлозии што, како што се наведува, укажува на присуство на оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ