петок, 4 октомври 2024

Хеликоптери на МВР со преку 30 тони вода се бореа со пожарот под Солунска Глава

МВР денеска дејствуваше на пожарот во реонот на село Белица, Општина Македонски Брод, во месноста „Аргулица“ под Солунска Глава, пријавен во текот на вчерашниот ден, со кој беше зафатена нискостеблеста шума, трева и грмушки.

Објавено на

часот

Сподели

Со координација на Центарот за управување со кризи во гаснење на пожарот, покрај екипата пожарникари на ТППЕ Македонски Брод и на ЈП „Национални Шуми“, подружница „Сандански“, како и авион на ДЗС, поради опасност од ширење на пожарот на борова шума, во непристапен и карпест терен, на помош беа повикани да интервенираат и два хеликоптери на МВР од Одделот за воздухопловни единици, од типот Бел-212 и Бел-412, кои што со противпожарното ведро, со кое се опремени, во повеќе наврати исфрлија преку 30 тони вода и придонесоа за локализирање на пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ