понеделник, 7 октомври 2024

Хаварија во Грчец, мештани незаконски упаднале во системот на ЕВН за да добијат струја

Објавено на

часот

Сподели

Револтирани од тоа зошто нема струја во селото, вчера, во доцните часови, дел од мештаните го вратиле снабдувањето со струја така што насилно и противправно влегле во енергетските објекти во сопственост на Електродистрибуција, со што предизвикале огромна и неповратлива штета на целиот дистрибутивен систем во регионот.

Противзаконските манипулации во мрежата направени од засега непознати лица од селото Грчец, предизвикаа хаварија во дистрибутивниот систем поради што без снабдување со електрична енергија денес останаа и корисниците на дел на територија на Сарај. По сериозниот дефект кој настана четвртокот наутро како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец, селото имаше целосен прекин на испорака на електрична енергија“, велат за МКД.мк од ЕВН.

Во моментот Електродистрибуција е на терен  со придружба на полиција и се обидува да го врати напојувањето што поскоро на што е можно повеќе корисници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ