Хамас преку соопштение најави дека го назначува Синвар за нов шеф на своето политичко биро за да го замени Исмаил Ханија, кој беше убиен во Иран минатата недела во напад за кој се сомнева Израел.
Синвар се нема појавено во јавноста од нападот на 7 октомври во јужен Израел, во кој според израелските податоци загинаа 1.200 луѓе, а беа земени околу 250 заложници и ја поттикна кампањата на Израел во Појасот Газа.
Палестинските здравствени власти во Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас, соопштија дека во израелските напади загинале речиси 40.000 луѓе.