Хамас во понеделникот објави дека ќе го одложи ослободувањето на заложниците, велејќи дека Израел ги прекршил условите од мировниот договор. Ова го поттикна израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да рече дека војната ќе продолжи доколку заложниците не бидат ослободени.
Разговорите во Каиро поминаа добро, се вели во соопштението на Хамас. Катарските и египетските преговарачи изјавија дека ќе продолжат да работат на „отстранување на пречките“. Хамас претходно денеска објави дека не сака да пропадне договорот за прекин на огнот во Појасот Газа.
Американскиот претседател Доналд Трамп одговори на најавата за одложување на ослободувањето на заложниците велејќи дека сите заложници мора да бидат ослободени до пладне во сабота или „портите на пеколот ќе се отворат“. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека неговата земја ќе продолжи со „интензивните борби“ доколку Хамас не го испочитува рокот.
„Не сме заинтересирани за колапс на договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, посветени сме на неговото спроведување и обезбедување окупаторот целосно да го почитува“, изјави портпаролот на Хамас, Абдел-Латиф Ал Кануџа. „Говорот на закани и заплашување од страна на Трамп и Нетанјаху не е поволен за спроведување на договорот“, додаде тој.