вторник, 18 март 2025

Хамас ослободи тројца израелски заложници

Хамас денеска ослободи тројца израелски заложници како дел од договорот за прекин на огнот со Израел.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Саша Александар Труфанов, Сагуи Декел-Чен и Јаир Хорн пристигнаа од Кан Јунис до границата на Појасот Газа со возила на Црвениот крст, пренесува Тајмс оф Израел.

Декел-Чен рече дека е одлично откако дозна дека има трета ќерка, родена два месеци по неговото киднапирање.

Труфанов ја дозна тажната вест дека неговиот татко бил убиен на 7 октомври 2023 година во напад на Хамас.

Сите тројца одат полека и изгледаат уморни и слаби. Тие ќе бидат подложени на прегледи за физичко и ментално здравје, а ќе се сретнат со членовите на своите семејства по 498 дена поминати во заробеништво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ