Претставници на Хамас, кои не биле присутни на разговорите, за Би-би-си изјавија дека рамката на новиот предлог содржи нови услови кои групата не може да ги прифати.
Според изворите, Израел поставил нови услови, кои вклучуваат задржување на војници во Газа долж границата со Египет, додека Хамас бара целосен прекин на огнот, целосно израелско повлекување од Појасот, враќање на раселените Палестинци и договор за размена на затвореници.
Американските власти, исто така, рекоа дека последната рунда преговори била најпродуктивна во последните неколку месеци, а израелските медиуми објавија дека преговорите биле „позитивни и конструктивни“.
Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Иран Али Багери Кани претходно во петокот изјави дека катарскиот министер за надворешни работи Мохамад бин Абдулрахман ги опишал резултатите од оваа фаза од преговорите како „чувствителни“.