„По обновувањето на контактот со борците на отпорот одговорни за заштита на израелските затвореници, потврдено е дека израелска затвореничка е убиена под силно израелско бомбардирање во северниот дел на Газа“, изјави портпаролот на Хамас.
Портпаролот на бригадата Ал Касам Абу Обаид додаде: „Уште една заложничка е во критична состојба“.
Тој рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговата влада и воените лидери „носат целосна одговорност за животите на заложниците“.
„Тие се оние кои инсистираат да им го нанесат страдањето и смртта“, додаде тој.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) сè уште немаат коментар за овие тврдења.
Инаку, се верува дека во Газа сѐ уште има 101 израелски заложник, кои Нетанјаху ветил дека ќе ги лоцира.