Пеп Гвардиола не планира повторно да стане тренер на Барселона, ниту пак да седне на кормилото на Жирона, како што сугерираше неговиот брат Пере Гвардиола.
Во поткастот „Десмонтадито“, предводникот на Манчестер Сити откри дека нема сили за нов проект, па кога ќе замине од „Етихад“, може само да биде селектор на некоја репрезентација.
„Нема да бидам тренер на друг клуб кога ќе заминам од Манчестер Сити. Не мислам на долгорочната иднина, но знам што нема да правам, знам дека кога ќе заминам од Сити, нема да се преселам во друга земја и да почнам сличен проект. Немам енергија за нешто вакво. Можеби ќе преземам некој национален тим, но тоа е сосема друго“ – вели Пеп Гвардиола.
Тој потоа додаде: „Колку би сакал да го напуштам фудбалот и да одам да играм голф, но не можам. Секако, ќе дојде времето кога ќе речам „доста е!“ и тогаш дефинитивно ќе престанам“.