Манчестер Сити информираше дека нивниот тренер, Пеп Гвардиола имал успешна операција која била изведена во Барселона. Тој ќе остане во каталонскиот град каде ќе се рехабилитира по оперативниот зафат.
Во негово отсуство, асистентот Хуанма Лиљо ќе ги води тренинзите и натпреварите се до враќањето на Гвардиола.
Се очекува Пеп да се врати по паузата за репрезентативни натпревари која е на почетокот од септември.