недела, 10 ноември 2024

Гужви, напнатост и инциденти на Евзони (ФОТО+ВИДЕО)

Освен вообичаената гужва на македонско-грчката граница за време на празниците, денеска на Евзони дојде и до инциденти во колоните од грчката страна на границата. Голема група автомобили, главно со косовски и македонски таблици, предизвикаа вистински хаос обидувајќи се преку ред да се уфрлат во километарската колона.

Објавено на

часот

Сподели

Сопатниците од оваа група возила со таа цел дури ги тргаа и поставените препреки.

Патниците што претходно со часови чекаа во трите редовни колони (кај Грците работеа само три кабини) го изгубија трпението и на таквата дрскост одговорија со жив штит обидувајќи се да ги блокираат возачите-натрапници што сакаа да влезат преку ред. Но овие не попуштаа, безобразно се пробиваа туркајќи ги луѓето со своите автомобили, па некои за да ги спречат им се качија врз возилата или стоеја пред нив.

Имаше многу кошкања, караници, а ќе имаше и тепачки ако не интервенираа поразумните присутни.



Грчките полицајци сето ова мирно го посматраа со кафиња во рацете.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ