среда, 9 октомври 2024

Гутереш: За време на мојот мандат не сум видел толку многу смрт и уништување како во Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека ОН понудиле да го надгледуваат можниот прекин на огнот во Газа, додавајќи дека во текот на своите седум години на функцијата, тој никогаш не видел толку многу смрт и уништување како во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој изјави за АП дека е „нереално“ да се мисли дека ОН може да имаат каква било улога во Газа во иднина, било да управуваат со територијата или да испраќаат мировници, бидејќи Израел веројатно нема да прифати таква улога на ОН.

Сепак, тој рече дека „ОН ќе можат да поддржат каков било прекин на огнот“.

ОН имаат набљудувачка мисија на Блискиот Исток, позната како УНТСО, од 1948 година.

„Се разбира, ќе бидеме подготвени да направиме сè што ќе побара меѓународната заедница од нас. Прашањето е дали страните (во конфликтот) ќе го прифатат тоа, и конкретно, дали Израел ќе се согласи“, истакна Гутереш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ