вторник, 8 октомври 2024

Гутереш ја прифати поканата, ќе учествува на самитот на БРИКС

Објавено на

часот

Сподели

Тој има намера да го искористи своето учество за да соопшти неколку важни пораки, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик.

„Поминуваме низ особено тежок период. Самитот на БРИКС обединува многу важни актери на меѓународната сцена. Улогата на Јужноафриканската Република е од особено значење и генералниот секретар со задоволство ја прифати поканата. Ќе го искористиме ова за да испратиме важни пораки“, нагласи вчера Дижарик.

Самитот на БРИКС се одржува во Јоханесбург и ќе трае до 24 август со учество на Кина, Индија, Бразил и Јужна Африка.

Шеф на руската делегација ќе биде министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, а на самитот ќе учествува и рускиот претседател Владимир Путин, преку видеоврска, поради обвинението на Меѓународниот кривичен суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ