Барселона се намачи за да ги освои трите бода против Кадиз, гостите пружија силен отпор и имаа неколку прилики да го шокираат фаворитот.
Избраниците на Чави поведоа дури во 82. минута, Гундонган со мајсторска асистенција го вметна Педри во шанса, а младиот фудбалер не погреши и реализираше за 1-0.
Конечните 2-0 беа поставени во 94. минута, Торес избегна една офсајд замка, излезе сам пред противничкиот голман и со лева го матираше за 2-0.
Претходно, Жирона со 3-0 го совлада Хетафе.