понеделник, 10 февруари 2025

Гугл мапс ќе го преименува Мексиканскиот залив во Заливот на Америка за американските корисници

Гугл вчера објави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во Заливот на Америка на Гугл мапс откако администрацијата на Доналд Трамп ќе ги ажурира „официјалните владини извори“. Компанијата објави и дека ќе почне да го користи името Мекинли за планината на Алјаска која моментално се вика Денали, пренесува Си-ен-би-си.

Фото: Гугл мапс

Објавено на

часот

Сподели

Минатата недела, претседателот Доналд Трамп потпиша уредби кои вклучуваат промена на името на официјалните карти и во официјалните комуникации на федерално ниво.

„Добивме неколку прашања за имињата на Гугл мапс“, се вели во објавата на социјалната мрежа Икс. „Наша долгогодишна пракса е да ги спроведуваме промените на имињата кога тие се ажурираат во официјални владини извори“.

Гугл додаде дека името Мексикански Залив ќе остане прикажано за корисниците во Мексико, додека корисниците од другите земји ќе ги видат двете имиња. Трамп изјави дека ќе го врати името на поранешниот претседател Вилијам Мекинли на планината, велејќи дека Мекинли ја направил земјата „многу богата“ благодарение на тарифите и својот талент.

Планината се викаше Маунт Мекинли се до 2015 година, кога администрацијата на претседателот Барак Обама го промени името во Денали како симболичен гест кон домородното население на Алјаска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ