Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ ова го одлучиле во средата (25 септември), изјави портпаролот за Еурактив.
Заедничкиот пат на Македонија и Албанија за членство во ЕУ беше започнат летото 2022 година.
Првиот кластер „основи“ вклучува неколку поглавја – набавки, статистика, судство и основни права, правда, слобода и безбедност и финансиска контрола.
Ова е добра вест за Албанија во нејзините напори да ги исполни барањата за напредување на нејзиниот пат кон ЕУ, но е назадување за Северна Македонија, која уште еднаш не успева да направи одлучувачки чекор кон пристапувањето во ЕУ, јави Еуроактив.
По години на фрустрација, Бугарија и Македонија под француското претседателство со ЕУ во јули 2022 година се согласија да го изменат македонскиот Устав и да го вклучат бугарското малцинство заедно со други малцинства. Ова условот Софија да го укине ветото за напредокот на преговорите Македонија-ЕУ.
Новата Влада на Македонија се согласува со овој услов, ама со одложено дејство, односно да важи откако ќе стане членка на ЕУ за да се избегнат можните нови условувања од Бугарија.
Како што се очекуваше, ЕУ ја отфрли оваа позиција.
Во вторникот Грција објави дека спорот со Тирана е решен и земјата може да го отвори првиот преговарачки кластер. Услов за ова вето беше ослободување од затворската казна на градоначалникот во Албанија кој е Грк по род. Фреди Белери, откако го напушти затворот во албанскиот град Фиер, во Химара беше дочекан како херој.