Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кажа дека новиот закон „храбро ја укинува сериозната нееднаквост“.
Но, законот ја подели земјата, со жесток отпор кој го предводеше моќната Грчка православна црква.
„Луѓето кои беа невидливи конечно ќе бидат видливи околу нас, а со нив многу деца конечно ќе го најдат своето вистинско место“, кажа грчкиот премиер во парламентот во дебатата пред гласањето.
„Реформата им го прави животот на неколкумина наши сограѓани подобар, не одземајќи ништо од животите на многумината“, додаде Мицотакис.