Минатата година грчкиот регион Тесалија беше погоден од големи поплави во кои многу риби завршија надвор од езерата и реките и беа „турнати“ кон морето.
Откако трупови од риба го покрија пристаништето, се прошири смрдеа која го вознемири населението и надлежните.
„Тие се протегаат со километри“, рече членот на градскиот совет Стелиос Лимниос.
Градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос, вчера изјави дека смрдеата е неподнослива и ја обвини владата што не се справила со проблемот пред да стигне до неговиот град.