вторник, 8 октомври 2024

Грчките земјоделци повторно ќе ја блокираат границата кон Македонија, МВР вели пријави нема

Нова блокада на граничниот премин Богородица кон Македонија за попладнево најавиле земјоделците од северниот дел на Грција. Но од Регионалниот центар за гранични работи Југ при македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) велат дека сообраќајот и преминувањето на границата со Грција на трите гранични премини се одвива нормално и без застои.

 

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Повикувајќи се на локалните грчки медиуми, но и според државната телевизија ЕРТ, дописничката на МИА од Атина јави дека ова ќе биде втора блокада за денеска, со оглед на тоа дека во периодот од 13 до 15 часот земјоделците затвориле една од лентите за влез во Грција на товарни возила за меѓународен транспорт.

Не е исклучена можноста, вечерва, блокадата да биде целосна, односно да ги затворат сите точки за влез и излез од Грција на граничниот премин Богородица.

Но од Регионалниот центар за гранични работи Југ при македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) велат дека сообраќајот и преминувањето на границата со Грција на трите гранични премини се одвива нормално и без застои.

Според началникот Славчо Богев, освен блокадите од пред неколку денови на влез во Грција од преминот Меџитлија, нема најави за блокади на копнените влезови од страна на грчките земјоделци.

Симболична едночасовна блокада на границата имаше и доцна синоќа.

Земјоделците од цела Грција во текот на денешниот ден одржуваат состаноци на кои ги информираат нивните колеги за вчерашната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а за утре напладне е закажана заеднички состанок на сите земјоделци за да ги одредат нивните следни чекори.

Со оглед на тоа дека првичните реакции по разговорите со Мицотакис се дека не биле исполнети сите нивни барања, сѐ поверојатно е дека ќе се интензивираат протестите и блокадите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ