Партијата на Мицотакис Нова демократија од десниот центар има мнозинство од 158 пратеници во парламентот со 300 места, што значи дека овој предлог веројатно ќе биде одбиен, пренесува Блумберг.
Најавено е дека за предлогот за изгласување недоверба на владата парламентот ќе расправа во следните три дена.
Опозициските партии ја обвинија владата дека манипулира со доказите кои би можеле да ги расветлат причините за катастрофата во обид да се намали политичката одговорност. Опозицијата се обидува да изврши притисок врз владата пред изборите за Европскиот парламент во јуни.
Владата наведува дека судиите кои ја водат истрагата за несреќата ги имаат целите, необработени разговори во истрагата, што значи дека нема манипулации.
Грчкиот весник То Вима објави во неделата дека снимка од разговор пред несреќата меѓу шефот на станицата во Лариса и машиновозачот на еден од возовите протекол веднаш по судирот, но дека била „обработена“ за да се покаже дека до судирот дошло поради човечка грешка.
Патничкиот воз, кој патувал од Атина до Солун, се судри со товарен воз во близина на Лариса во централна Грција, при што загинаа 57 луѓе, главно студенти, а повредени беа уште 80 лица.