Македонија вчера го почна настапот на Европското првенство, на стартот загубивме од Шведска со десет голови разлика, 28-18. Воведниот дел ни беше добар, но потоа дојде период од 20 минути во кој немавме постигнато гол.
„Игравме добро на почетокот од натпреварот, но потоа направивме премногу технички грешки и промашивме од чисти ситуација. Конечниот резултат е последица на сето тоа“, рече Грчевски.
Шанса за поправен Македонија ќе има веќе утре кога од 20:30 часот играме против Турција.