„Да, оваа награда за мене е големо признание за мојот труд што сум го вложил во создавањето на филмови и што сум станал дел од македонската кинематографија. Јас и денес сум активен. Работам со студентите, најголем дел завршиле со студиите, но и понатаму ме консултираат за филмовите што денеска ги подготвуваат. Многу генерации завршија филмска монтажа, дел од нив се надвор од Македонија, но постојано комуницираме“, истакна Грбевски.
Димитар Грбевски учествувал во повеќе од 30 филмови, во 1981 година ја освои Повелбата за долгогодишен придонес на Фестивалот на југословенски документарен и краток филм во Белград, а добитник е и на наградата „Златен објекти“ што ја доделува Кинотека на Македонија.
Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ е востановена во 2013 година.