вторник, 8 октомври 2024

Градоначалникот на Кисела Вода сака да биде градоначалник на Скопје

„Ако одлучат мојата политичка партија и телата на партијата,  но и граѓаните, би го прифатил тој предизвик да бидам градоначалник на Скопје. Мислам дека би бил човекОТ кој би ги решил проблемите што ги има нашиот град. Од она што е евидентно, мислам дека имаме одлична реализација на проектите досега, а имам и сериозна поддршка од моите сограѓани“, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Објавено на

часот

Сподели

Изјавата Ѓорѓиевски ја даде во гостување на ТВ21, каде и во функција на претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, оцени дека градоначалниците имаат преголема моќ и дека е потребно законско решение според кое тие ќе можат и да бидат разрешени доколку не ја извршуваат добро или законски својата функција.

„Градоначалниците освен на избори не можат да бидат променети. Таква е состојбата со градоначалничката на Скопје и со некои други. Факт е дека треба да има законски контролен механизам, отчетност пред граѓаните и секој градоначалник кога ќе стапи на функцијата треба да биде свесен дека би можел пред време да биде променет“, истакна Ѓорѓиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ