среда, 11 декември 2024

Градоначалникот на Белград: Ќе го вратам Тито во Кумровец

Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ, сега ново-стар кандидат за таа функција, изјави дека ќе почне иницијатива Куќата на цвеќето, почивалиштето на поранешниот претседател на Југославија Јосип Броз Тито, да се претвори во музеј на српската историја, а дека „Тито треба да биде вратен во Кумровец, од каде дошол“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе почнам иницијатива еднаш засекогаш да завршиме со таа Куќа на цвеќето и Јосип Броз да го вратиме таму во Кумровец, од каде дошол, а Куќата на цвеќето да биде место каде ќе почиваат најголемите српски великани, тоа да биде музеј на српската историја“, објави Шапиќ на Инстаграм.

„Кога ќе го спомнам Драгољуб Михаиловиќ, еден од нашите најодликувани офицери, кој ја бранел Србија во Балканските војни и во Првата светска војна од Австроунгарците, а во Втората светска војна се борел против нацистите, ми скокаат на глава Титовите Југословени“, кажа Шапиќ, поранешен југословенски ватерполо репрезентативец, давајќи поинаква интерпретација на улогата на четничкиот водач, осуден по Втората светска војна за воени злосторства и соработка со окупаторот.

Шапиќ додаде дека се поставува прашањето дали Куќата на цвеќето ќе биде дом на српските херои со тоа што ќе стане музеј „или таму ќе го оставиме Јосип Броз Тито, австроунгарскиот каплар и голем злосторник на поновата српска историја“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ