среда, 22 јануари 2025

Градоначалникот на Бања Лука објави снимка од конфликтот со полицијата (ВИДЕО)

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, објави видео од судирот со полицијата во овој град, откако тој и неговите соработници беа избркани од паркингот пред зградата на Владата на Република Српска.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Заедно со видеото објавено на Инстаграм вечерта на 8 декември, Станивуковиќ напиша дека полицајците „го тепаат својот народ и го крадат градскиот имот“, како и дека „незаконски уапсиле“ работник во градската управа.

„Режимот ја врши својата тортура врз Бања Лука и нејзините граѓани“, додаде Станивуковиќ.

На видеото може да се видат Станивуковиќ и неговите соработници како се туркаат со полицијата под заштитна опрема.

Од полициската управа на Бања Лука не соопштуваат ништо за овој случај.

Паркингот беше блокиран од петокот, на 6 декември, кога градските власти поставија бетонски бариери на него, а донесоа и противпожарни возила.

Блокадата беше предизвикана од конфликтот меѓу градоначалникот на Бања Лука и властите на ентитетот, кој избувна откако Владата на РС одлучи да го испрати на усвојување до Собранието Законот за буџетски систем, со кој се предлага Бања Лука и Бјелина да добијат помалку пари од ДДВ.

Како реакција, Станивуковиќ го исклучи јавното осветлување пред зградите на ентитетските институции, го блокираше паркингот на Владата на РС, а најави дека ќе се исклучи парното за институциите што имаат долгови кон Бања Лука.

Тој додаде дека ќе стави крај на ова доколку властите го повлечат законот, кој според него е контроверзен, а доколку тоа не се случи, најави нови мерки, вклучително и протести пред институциите на РС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ