„Сабота на работа. Денеска излегов на терен да ја видам одблиску акцијата за чистење на коритото на река Пена. Оваа акција опфаќа чистење на коритото, како и сечење на гранки од дрвја кои моментално го попречуваат течението на реката. Оваа акција има за цел да обезбеди послободен и порегулиран проток на реката, минимизирајќи го ризикот од поплави и зачувување на интегритетот на природната средина. Ги повикувам граѓаните да се грижат за животната средина и да не фрлаат ѓубре во реката“, вели градоначалникот Биљал Касами во објава на социјалните мрежи, која ја пренесе службата за односи со јавноста и комуникации.
За настанот Општина Тетово не повика новинари, па нема податоци дали чистењето е само денеска и колку често ќе се практикува.