„Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека неколку градежни работници, кои биле ангажирани преку градежна фирма да работат на плац, исекле кабел за електрична енергија и од искрите настанал пожар при што биле опожарени сува трева, нискостеблеста шума и една бандера на ЕВН, која паднала и предизвикала пожар во дворовите од викенд куќите на Б.П. и И.А., двајцата од Скопје“, соопшти МВР.
Пожарот бил изгаснат, повредени нема.