вторник, 28 мај 2024

Големи немири во Истанбул, демонстрантите се судрија со полицијата (ВИДЕО)

Турската полиција фрли солзавец на демонстрантите за да спречи формирање поворка по повод Меѓународниот ден на трудот на симболично важниот истанбулски плоштад Таксим. Се собраа илјадници демонстранти и протестите траат со часови.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На снимките на Си-ен-ен Турк се гледа дејствувањето на полицијата и тепачката која избила меѓу полицијата и демонстрантите. Силите за безбедност во неколку редови го блокирале пристапот до плоштадот Таксим, а министерот за внатрешни работи Али Јерликај кажа дека се приведени 210 лица.

На снимките се гледа како демонстрантите ги напаѓаат полицајците и им ги тргаат штитовите.

Властите забранија собирања и протести на плоштадот и оградија голем простор во центарот на градот, со објаснување дека тоа е направено од безбедносни причини. Плоштадот Таксим во центарот на Истанбул има симболично значење за синдикатите и работничките движења.

На 1 мај 1977 година синдикалците таму сакале да одржат собир за да го одбележат Меѓународниот ден на трудот, но снајперисти пукале во демонстрантите и убиле многумина од нив. Таму тогаш имало 500.000 луѓе.

Плоштадот е симболичен и за противниците на актуелната власт бидејќи во 2013 година во истанбулскиот парк Гези почнаа антивладини протести кои потоа се проширија на целата земја.

Протестите почнаа против градењето во паркот Гези, кој се наоѓа во близина на плоштадот Таксим, но набрзо прераснаа во протести против тогашниот премиер и сегашен претседател Реџеп Таип Ердоган кој насилно ги задуши. Од тогаш на плоштадот Таксим се забранети антивладини протести.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ