За учество во наградната игра е потребен купон, кој се добива за секое купување на производи и услуги во вредност од 1.000 денари, а еден купувач може да учествува со неограничен број на купони.
Во октомври годинава Дајмонд мол ќе одбележи една година од своето постоење. Со својот уникатен концепт на „лајф-центар“, покрај атрактивната шопинг понуда, Дајмонд мол е место што нуди различни опции за едукација и забава за деца и млади во „Зоната на соништата“ (Dream Zone) со површина од 7.000m². Во рамки на трговскиот центар делува и „Гурманската авенија“ (Gourmet Avenue), која за кратко време стана едно од најомилените места за забава и добра храна.
Комерцијален текст