Сите се приведени поради сомневања за злоупотреба на службената положба и овластувања и овозможување бегства на затвореници и соизвршителство.
„Уште кога стапив на должност во Управата за спроведување санкции, пред 8-9 месеци веднаш спроведовме контроли за работењето во казнено-поправните установи и беа констатирани злоупотреби во работењето на некои од раководниот кадар во затворите. Сознанијата од контролата беа веднаш доставени до МВР и Обвинителството, а во оваа акција се приведени некои од тие за кои имавме констатирано злоупотреби при контролата. Еве почнуваат да се докажуваат сомнежите за нивните злоупотреби, а контролите на работењето во затворите и понатаму ќе продолжат“, вели директорот на Управата за санкции, Александар Пандов.
Од Обвинителството за гонење органииран криминал и корупција, известуваат дека акцијата е во тек.
„Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје. Подетални информации во текот на денот“, велат од ОЈО ГОКК.
Ј.П.