недела, 13 октомври 2024

Голема побарувачка за централи за производство на струја од обновливи извори, РКЕ издала 400 дозволи за 15 месеци

Објавено на

часот

Сподели

„Во првото тромесечје од 2023 година Регулаторна комисија за енергетика  издаде лиценци за 133  фотонапонски електроцентрали со моќност од 39,4 мегавати.  Ако се гледа кумулативно со претходната година од кога стартуваше т.н Елдорадо за инвестиции во обновливи извори, во земјава на мрежа се вклучени капацитети со инсталирана можност од 191,6 мегавати, со која може да се задоволат потребите на близу 76 000 домаќинствата со просечна потрошувачка, односно може да се обезбеди електрична енергија за домаќинствата од  десет градови. За да може да се искористи енергијата од Сонце и во текот на ноќните часови во фаза на изработка сме на правила што ќе ја регулираат процедура во поставувањето на батериите пред се како комплементарен, но и засебен дел од секоја изградена централа.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

 

Во 2022 години РКЕ им издаде лиценци на вкупно 267 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со  инсталиран вкупен капацитет од 152.2 мегавати. Од нив 106.5 MW се ФЕЦ, додека 36 мегавати се за ветерни електроцентрали, а 7,2 мегавати се за  мали хидроцентрали и 2,5 мегавати за термоелектроцентрали на биогас.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ