четврток, 27 февруари 2025

Голем пожар синоќа избувна во Нови Сад: „Се слушнаа детонации“ (ВИДЕО)

Синоќа околу 22 часот голем пожар избувна во индустриска зона во Нови Сад, а според неофицијални информации нема повредени, јавија српските медиуми.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Интервенираа пожарникари од Нови Сад и од целиот Јужнобачки округ, кои го гасеа пожарот со помош на јавните противпожарни служби.

Според 021.рс, наводно се слушнале детонации, а жителите на Нови Сад добиле СМС-предупредување да не излегуваат од своите домови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 193_ns (@193ns_rs)

Секторот за вонредни ситуации издаде предупредување „Поради пожарот и големите количества чад не излегувајте од објектите додека не помине опасноста“.

Некои граѓани добиле и СМС-порака со иста содржина. Ова е првпат новосаѓани да добијат вакво предупредување.

За пожарот се огласи и новиот градоначалник на Нови Сад, Жарко Миќин, кој соопшти дека МВР преку новиот систем за известување за итни случаи ги предупредило граѓаните дека поради пожарот и големите количества чад не треба да ги напуштаат зградите додека не помине опасноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Тој најави дека Институтот за јавно здравје ќе ја мери евентуалната загаденост на воздухот.

Засега не е познато што имало внатре во зградата што се запали, ниту што го предизвикало пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ