Според неа, растот на бројките не значи и развој, бидејќи Стефаноска смета дека развојот стагнира, па дури е и уназаден.
„Државата треба посветено да работи, да инвестира и најважно е создавање на национална стратегија за туризам, во која би влегле стратегијата за рурален туризам, бањски туризам, за транзитен, културен и сите други алтернативни форми на туризам“, додаде Стефаноска.