Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ кој е прв носител на турнирот за противник ќе ја има новата хрватска надеж, 18-годишниот Дино Прижмиќ кој преку квалификациите се избори за пласман на главниот турнир на Австралија опен.
Прижмиќ важи за голема хрватска надеж, тој својот талент го потврди лани кога го освои Ролан Гарос во јуниорска конкуренција.
За Хрватот ова ќе биде прв настап на грен-слем турнир во сениорска конкуренција и веднаш за противник го доби најдобриот, Новак Ѓоковиќ.
Мечот меѓу Ѓоковиќ и Прижмиќ се игра во недела наутро.
The quest for number 11 starts here 🌟#AusOpen • #AO2024 pic.twitter.com/pcmhdwLVva
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 12, 2024