петок, 6 декември 2024

Годишнина на зелениот марш на Мароко: кралот Мохамед VI ја откри новата стратегија за дијаспората

Kралот Мохамед VI во средата одржа говор пред мароканскиот народ во чест на 49-годишнината од историскиот Зелен марш – мирно движење кое ја врати мароканската Сахара на Мароканците и ја зајакна поврзаноста на луѓето од регионот со татковината.

Објавено на

часот

Сподели

Во своето обраќање кралот најави сеопфатна ревизија на институционалната рамка во корист на мароканските иселеници, со цел да се зајакне нивната улога на амбасадори на Мароко во светот. Овој кралски реинженеринг ги воспоставува основите на модернизираниот и стратешки пристап насочен кон мароканските иселеници.

Новата институционална архитектура ќе овозможи Советот на мароканската заедница во странство целосно да ја одигра својата улога во консултативната рамка, додека ново најавената фондација за Мароканци кои живеат во странство – Мохамедија, чие создавање го најави мароканскиот крал, ќе ја преземе одговорноста како оперативна рака на јавната политика воспоставена во корист на Мароканците ширум светот. Името на ова идно тело е симболично за посебното внимание кое кралот го посветува на оваа тема.

Кралскиот говор нагласи дека врските на мароканските иселеници со нивната земја на потекло станаа повеќекратни и сложени, барајќи мултидимензионална стратегија што ја вреднува нивната непоколеблива приврзаност кон татковината. Сите аспекти на односите на мароканските иселеници со земјата ќе бидат земени предвид, на културно, јазично, идентитетско, социјално и економско ниво.

Кралот исто така ја нагласи потребата од поедноставување на административните процедури за мароканските иселеници, особено преку дигитализацијата која ќе ги направи услугите попристапни.

Новата рамка иницирана од неговото височество ќе и овозможи на државата да обезбеди поддршка приспособена на очекувањата на оваа разновидна заедница, од причина што мароканските иселеници играат централна улога во одбраната на националната кауза каде и да се.

Поздравувајќи го нивниот примерен и непоколеблив патриотизам, кралот им оддаде почит на иселениците и го започна својот говор по повод прославата на годишнината од Зелениот марш, обично резервиран за првата национална кауза – мароканската Сахара, со најавата за започнување на овој нов институционален проект за реинженеринг. Ваквата кралска почит ја одразува грижата на суверенот за оваа категорија граѓани.

Најавениот институционалeн реинженеринг ќе претставува нов проект структуриран околу два главни столба. Првиот столб е Советот на мароканската заедница во странство, институција која како консултативно тело ќе се реструктуира за да стане порепрезентативна за различноста на дијаспората. Улогата на оваа институција е да биде платформа за дебата и размислување, обезбедувајќи конкретни предлози за важни прашања за мароканската дијаспора. Овој совет, преку поинклузивен состав на делување, ќе има за цел да го зајакне својот капацитет за изразување на потребите и грижите на Мароканците ширум светот.

Вториот столб, Фондацијата Мохамедија за Мароканци кои живеат во странство ќе има централна оперативна улога во групирањето и координирањето на акциите кои досега беа расфрлани меѓу повеќе субјекти. Оваа нова институција треба да стане симбол на кралската грижа за мароканските иселеници, одразувајќи ја историската врска помеѓу оваа заедница и мароканската монархија.

На економски план, кралот Мохамед VI ја истакна важноста од охрабрување на инвестициите на мароканските иселеници во Мароко, чие учество во приватните инвестиции (проценето на 10%) останува ограничено. Реформата има за цел да понуди нови стимулации и да ги ревидира постоечките механизми во соработка со националните финансиски институции, со цел да се оствари подобра поддршка на нивниот економски потенцијал.

Остануваат отворени неколку прашања во врска со имплементацијата на оваа нова структура, особено во однос на правниот статус на Фондацијата Мохамедија и начините за назначување на нејзините лидери. За да успее, ова ново тело не само што ќе треба да биде опремено со соодветни човечки ресурси, туку ќе треба и тесно да соработува со конзулатите и со дипломатската мрежа, со цел да ги исполни различните очекувања на мароканските иселеници, приспособени за секоја земја домаќин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ