Како што најави факултетот, на концертот ќе учествуваат Симфонискиот оркестар при ФМУ, Мешаниот хор „Драган Шуплевски”, камерниот оркестар „Солисти на ФМУ”, Оркестарот на народни инструменти и проф. Драган Даутовски, студентите од Катедрата за балетска педагогија и Катедрата за џез и популарна музика, ансамблот перкусионисти, под водство на диригентите Цанев, Татарчевски и Спироски.
„Факултетот за музичка уметност – Скопје е аlma mater на најголемите имиња од музичката и балетска сцена во државата, регионот, па и светот. ФМУ е врутокот од кој произлегуваат речиси сите кадри кои се дел од колективите на најголемите музички и музичко-сценски институции и неизоставен дел од образовниот процес на сите нивоа“, соопшти ФМУ-Скопје.