среда, 16 октомври 2024

Го обожувам кругот – изложба на Петра Јовановска во Австрија

Објавено на

часот

Сподели

Кругот во своето творештво го доживува како духовна пракса, која има едноставни и цврсти правила. Круг содржи едноставност, чистота и воедно и сериозност. Круг како симбол, митус за постоење, патување, препреки, животен
циклус, кој го прави кругот бесконечен. Круг кој е присутен во сите митови.

За Петра Јовановска кругот претставува не само пат, туку и крај на патот, процес и резултат, полност и празнина, патува во него, патува со него, го напушта за да може пак да му се наврати. Јовановска се занимава со сликарство и графика, и често ги комбинира овие две ликовни дисциплини, за да долови посакуван краен резултат. Гради визуелна и естетска традиција, ги обработува темите како одлука, спојување, поново наоѓање. Авторката со визуално истражување прави обид за доловување на амбивалентност на присутност и неприсутност на физичко битие.
Во содржинска смисла делата поседуваат многу автобиографски предзнаци, со многубројни прашања од лична природа.
Петра Јовановска како графичар, свој технички репертоар го проширува користејќи разновидни медуими како елемент на експеримент, но истовремео и синхкроност, низ кои се истражува концептот на кругот. Од сликарство до графика, пред се линорез и сув печат, преку колаж, фотографија, цртеж ја истражува бесконечната варијабилност на играњето со кругот. Некој кругови се колористички монохромни и стерилни или пак другите се со информација, со емоција и со детал за структура. Честопати композицијата на ликовните дела е во диптих, триптих, полиптих за да динамиката на емоцијата повеќе доаѓа до израз, но воедно секој круг е приказна, емоција за себе и со спојувањето на неколку такви нарации како да станува збир на една целина и цилкус.
Симболично целиот наш живот може да се поврзе со формата на кругот, некогаш сме горе, друг пат долу, за одново и одново да го започнеме новото истражување, пат, живот.
Круг како еден вид емотивни размислувања кои се за Петра Јовановска бесконечни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ