петок, 20 септември 2024

Го ценат нашиот труд, имавме одлична соработка, рекоа од кипарскиот тим кој гаснеше пожари (ФОТО+ВИДЕО)

„Почувствувавме дека го ценат нашиот труд. Драго ни е што помогнавме, драго ни е што бевме корисни за луѓето. Имавме многу добра соработка. Заминавме со многу позитивни чувства“, изјави Андреас Антониу, шеф и координатор на кипарската мисија која учествуваше во гаснењето на пожарите во Македонија. Тој изрази надеж дека мисијата и создадената позитивна атмосфера ќе придонесат за подобрување на односите меѓу Кипар и Македонија.

Фото: КИПЕ

Објавено на

часот

Сподели

Тимот од Кипар учествуваше во гаснењето на пожарите во Македонија во периодот од 7 до 14 август со два авиони од типот eр-трактор, со четворица членови на екипажот и пет лица за копнена поддршка. Помошта од Кипар беше во рамките на ЕУ механизмот за цивилна заштита.

Антониу своите впечатоци ги искажа за кипарската новинска агенција КИПЕ, а пренесува МИА. Тој оцени дека климатските промени ја најдоа Македонија неподготвена да се справи со избувнувањето на пожари, но и дека помошта од Кипар била позитивно примена.

„Сретнавме луѓе кои непојмливо позитивно го ценеа нашиот придонес што предизвика задоволство меѓу нас и ја охрабри нашата мисија“, рече Антониу и како пример за добриот прием во Македонија, ја спомена случката со таксист кој ги превезувал членови на кипарскиот тим.

„Кога му кажавме дека сме дојдени за да ги гасиме пожарите таксистот одби да ни земе пари“, рече Антониу.

За добриот прием тој рече дека нивниот ангажман беше медиумски покриен и дека на  половина од операцијата на кипарската мисија, биле посетени од министерот за внатрешни работи. Потоа, која заврши мисијата, пред заминување, додаде Антониу, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, се сретна со делегацијата и им додели почесни дипломи на членовите за нивниот придонес во напорите за справување со пожарите.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, утрово ги испрати пилотите, заедно со останатиот воздухопловен персонал на двата ПП авиони „ер трактор“ од Кипар, информи

Шефот на делегацијата говорејќи за агенцијата Кипе се осврнува и на долгиот пат од Кипар до Скопје, објасни дека откако ја добиле пораката од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ на 6 август, веднаш започнале подготовките за мисијата. Членовите уште следниот ден тргнале за Македонија, а во Скопје биле на 8 август во еден часот по полноќ. И покрај напорното патување биле подготвена да интервенираат со првите зраци на сонцето.

Антониу појасни дека мисијата тргнала во две фази, бидејќи првично заминале двата авиони, едниот, поради недостиг на простор, ја носел опремата за поддршка, а другиот заминал со пилотот и еден кабински екипаж, додека во втората фаза заминале преостанатите шест членови, кои патувале со комерцијални летови преку Атина и Загреб и потоа пристигнале во Скопје.

Осврнувајќи се на пожарите во Македонија рече дека тие биле од големи размери. „Видовме имотот како стануваат пепел, интервениравме во подрачја каде што огнената стихија беше директна закана за имотите и човечките животи.

„Првиот ден добивме информација дека има 38 пожари, во земја која е два и пол пати поголема од Кипар“, истакна Антониу и додаде дека пожарите предизвикаа огромна еколошка катастрофа, но и директно влијание врз животот на луѓето.

Тој рече дека првиот ден интервенирале во областа каде што има манастир и дека успеале да го заштитат. Претпоследниот ден гаснеле во парк што горел 23 денови, а последниот ден интервенциите биле на две нови жаришта, источно од Скопје во близина на границата со Бугарија, а второто во близина на границата со Албанија. И двата фронта биле во близина на населени места и постоела зголемена опасност пожарот да се прошири и да ги загрози луѓето.

Антониу истакна дека кипарските пожарникари интервенираа во сосема поинаква средина од онаа на Кипар.

„Тоа беа огромни површини, недопрени области во кои е многу тешко да оперираат копнените сили и затоа единственото решение што можеше да се понуди беше од воздух“, речче тој.

Жално беше, вели, да ги гледаме шумите како се губат и природата како се уништува поради човековата небрежност, невнимателност или намера.

Во однос на оперативното искуство стекнато кај нас, Антониу посочи дека во Македонија противпожарните сили ја немаат стручноста што кипарскиот Сектор за шумарство ја има развиено во текот на децениите, како во однос на гаснењето шумски пожари од копно, така и од воздух, истакнувајќи дека тие функционираат со голема брзина и дека кипарската мисија помогнала да се подобри времето и на другите групи, вклучително и на авионите од Германија, како во времетраењето на гаснењето, така и во времето на полнење гориво на воздушните противпожарни средства.

Кипарските пожарникари се обиделе да пронајдат противпожарна пена и материјал за забавување или запирање на ширењето што ќе ја зголемеше оперативната ефикасност и ефективноста на гаснењето пожар, но напорите биле неуспешни.

За Секторот за шумарство при Министерство за земјоделство, рурален развој и животна средина на Република Кипар, Антониу објасни дека Кипар има повеќе од еден век искуство и знаење во гаснењето пожари, а во однос на воздушното гаснење пожари, воздухопловната единица на секторот може да е меѓу „најдобрите воздушни противпожарни единици во светот“, објаснувајќи дека ова се заснова на искуството на пилоти од целиот свет кои склучуваат договор со секторот и управуваат со авионите.

Двајцата пилоти што беа вклучени во мисијата во Македонија се од Австралија и инженерот од Нов Зеланд.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ