петок, 27 септември 2024

Главниот советник на Орбан: Ние не би се бореле против Русија кога би нè нападнала

Да беше на место на Украина, Унгарија не би се борела против Русите, кажа главниот советник на премиерот Виктор Орбан, Балас Орбан, политичкиот советник (кој не е во роднинска врска со унгарскиот премиер), на вчерашното гостување во подкаст во кое зборуваше за конфликтот во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Секоја земја има право да одлучува за сопствената судбина, а лидерите ја преземаат одговорноста“, кажа Орбан. Меѓутоа, додаде дека доколку иста ситуација ѝ се случела на Унгарија, тие не би тргнале во борба против агресорот. Кажа дека лекцијата била научена во неуспешното востание на Унгарците против Советскиот Сојуз во 1956 година.

„Веројатно не би го направиле истото што го направи претседателот (на Украина Володимир) Зеленски го направи пред две и пол години, бидејќи тоа е неодговорно“, кажа политичкиот советник. „Бидејќи очигледно ја ангажираше целата земја во одбраната, сите тие луѓе загинаа, целата таа територија е изгубена – повторно, тоа е нивно право, тоа е нивна суверена одлука, имаа право тоа да го направат. Но да нè прашаа нас, немаше тоа да го советуваме“.

Опозициските политичари веќе го прозваа политичкиот советник на Орбан да поднесе оставка. „Со овие зборови Балас Орбан го понижи сеќавањето на илјадници унгарски борци за слобода, од кои стотици, за разлика од Балас Орбан, биле спремни да ги жртвуваат своите животи за слободата и независноста на својата земја“, кажа Петер Маѓар, пратеник во Европскиот парламент и лидер на десничарската партија Тиш.

Лидерот на Демократската коалиција од левиот центар, поранешниот премиер Ференц Ѓуршани, напиша на Фејсбук: „Владата на Орбан би ја предала Унгарија на Русите без борба“.

Повикувајќи се на овој историски пример, Орбан чепна чувствителна точка во унгарската историја – во октомври 1956 изби револуција против комунистичкиот режим, барајќи демократизација и излегување од Варшавскиот пакт. Но за помалку од три недели, советските сили влегоа во земјата, а борбата за слобода резултираше со 2.700 загинати и 20.000 ранети. 176.000 луѓе избегаа од земјата со помалку од 10 милиони жители откако битката беше изгубена.

Покрај тоа, новиот комунистички режим кој владееше со Унгарија уште 33 години по советската инвазија погуби 229 цивили, вклучувајќи го и револуционерниот премиер Имре Наѓ.

Балас Орбан по прозивките ја бранеше својата изјава, кажувајќи дека ставот на Унгарија е јасен: не гледаме смисла во украинско-руската војна“, во која стотици илјади луѓе загинаа „за ништо“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ