четврток, 10 октомври 2024
Инцидент по мечот меѓу Охрид и Вардар Неготино

ГФК Охрид: Во Неготино бевме нападнати од неслужбени лица (ВИДЕО)

ГФК Охрид Лихнидос излезе со соопштение и видео снимка со кои информира за лоша организација на фудбалскиот меч против Вардар Неготино и физички напад врз нивни членови од страна на неслужбени лица по крајот на мечот.

Објавено на

часот

Сподели

Охрид со 1-0 победи на гостувањето кај Вардар Неготино, а по последниот судиски свиреж имало непријатни моменти за кои известуваат Охриѓани и бараат реакција од ФФМ.

„Во текот на вчерашниот ден одигравме натпревар во Неготино каде што фудбалската игра беше ставена во втор план поради настан кој што нема допирна точка со фудбалот и спортот. Поради лошата организација на домаќинот дојдовме до ситуација која не може да се контролира и многу лесно можеше да ескалира до поголем инцидент. По завршувањето на натпреварот нашиот голман како и уште неколку наши фудбалери беа физички нападнати од неофицијални лица кои што без никаков проблем се најдоја на теренот. Исто така и во претходната сезона бевме сведоци на слични случувања во Неготино, но немаше реакција од наша страна. ГФК Охрид Лихнидос како домаќин ги има пречекано сите натпревари крајно фер и спортски без ниеден инцидент. Ние како клуб бараме реакција од одговорните лица на федерацијата. Вакви сцени за жал го уназадуваат македонскиот спорт“, стои во соопштениеот на ГФК Охрид Лихнидос.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ