недела, 6 октомври 2024

Ѓорѓиевски во 94. минута ја спаси Брера од пораз против Сараево во младинската ЛШ

Македонскиот младински фудбалски шампион, екипата на Брера денеска во Струмица одигра 2-2 против Сараево во првиот меч од младинската Лига на шампиони.

Објавено на

часот

Сподели

Херој на Брера беше Мартин Ѓорѓиевски кој ги постигна двата гола за македонскиот тим со кои беше анулирана негатива од два разлика.

Сараево дојде во водство во 37. минута со гол на Поповиќ, а Плоко во 69. минута од пенал зголеми на 2-0 за босанскиот тим.

Потоа на сцена стапи Мартин Ѓорѓиевски, тој во 76. минута најпрво намали на 2-1, а во 94. минута од пенал погоди за конечни 2-2.

Реваншот се игра на 2 октомври во Сараево. Победникот од овој двомеч ќе игра со израелскиот Макаби Петах Тиква.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ