Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска ја прокоментира и изјавата на Драги Ѓоргиев, претседателот на македонскиот дел од комисијата дека „премиерот со своите изјави го компромитира него и работата на Комисијата“.
„Јас досега многупати сум го коментирал господинот Ѓоргиев. За жал, него никој не треба да го компромитира, бидејќи тој самиот себе си се компромитираше, коленичејќи пред министерски кабинети, наместо да си ја гледа работата, но тоа е негов избор“, рече Мицкоски.
Премиерот смета дека е неминовно да се смени нешто во работата на комисијата.