четврток, 27 февруари 2025

Ѓоргеску по приведувањето: „Сигурно повторно ќе се кандидирам за претседател на Романија“

Независниот кандидат на поништените ноемвриски избори за претседател на Романија Калин Ѓоргеску изјави, откако беше испрашуван во државното обвинителство, дека „сигурно повторно ќе се кандидира за претседател и на новите избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По речиси пет часа испрашување Ѓоргеску на скалите пред зградата на обвинителството го дочека неговата сопруга Кристела со стотици поддржувачи, пренесуваат романските медиуми.

„Ништо повеќе не ме изненадува. Сето ова личи на комунистичкиот режим од 1950-тите. Нема разлика. Сепак, одиме напред. Сигурно е дека ние, народот, таа сила, ние сме енергијата, ние сме Романија. Нема да клечиме под ниедни околности. Сигурно повторно ќе се кандидирам“, кажа Ѓоргеску.

Тој додаде дека „сите знаат што се случува со овој систем во Романија“ и дека огромната корупција низ светот ќе биде разоткриена.

Државното обвинителство на Романија соопшти претходно дека отворило кривична постапка против Ѓоргеску кој е осомничен дека, меѓу другото, извршил кривични дела поттикнување дејства против уставниот поредок, објавување лажни информации, давање лажни изјави и „промовирање култ на лица обвинети за геноцид“.

Како што јавија романските медиуми, полицијата денес го привела Ѓоргеску и го одвела на испрашување кај главниот обвинител, заедно со уште неколку лица од неговото опкружување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ