недела, 6 октомври 2024

Ѓоковиќ за 45 минути победи грчки тенисер кој по мечот рече: Новак ми подари еден гем

Новак Ѓоковиќ лесно со 6-0 и 6-1 го победи непознатиот грчки тенисер Јанис Ксилас кој е 770 на АТП ранг листата, ова беше меч од Дејвис Купот.

Објавено на

часот

Сподели

Во оваа фаза од Дејвис Купот се случува да се сретнат тенисери кои се дијаметрално спротивни по квалитет, па таков беше и денешниот дуел меѓу Ѓоковиќ и Ксилас.

На српскиот тениски ас му беа потребни само 45 минути да го среди Гркот, а кога тој го зема единствениот гем, доби овации од навивачите во Белград.

„Борбата со веројатно најдобриот тенисер на сите времиња никогаш не може да биде лесна, но поминав низ тоа, ми се допадна. Малку разочаран од својот тенис, но целото искуство е позитивно. Прилично сум сигурен дека Новак ми го подари тој гем, а аплаузот од публиката беше посебен“, рече грчкиот тенисер.

Србија води со 2-0 по првиот ден, а Грците се хендикепирани бидејќи не игра нивниот убедливо најдобар тенисер, Стефанос Циципас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ