По артроскопијата е видено дека повредата на менискусот не е толку сериозна и нема да треба долго опоравување. Се проценува дека Новак ќе се врати за три недели.
Вимблдон започнува на 1 јули, а Олимпијадата на 27 јули. Ѓоковиќ сигурно ќе биде дел од Олимписките игри во Париз, а со неговиот тим треба дополнително да одлучи дали ќе настапи и на Вимблдон.
Принудната елиминација од Ролан Гарос го чинеше Ѓоковиќ губење на првото место на АТП листата, од понеделник на врвот ќе биде Јаник Синер.