По испаѓањето на Карлос Алкараз, се чинеше дека се зголемуваат шансите на Новак Ѓоковиќ да го освои УС Опен, но српскиот тенисер доживеа слична судбина како и Шпанецот.
Попирин го доби мечот со 6-4, 6-4, 2-6 и 6-4.
По крајот на дуелот Ѓоковиќ призна дека на овој турнир влегол физички и психички неспремен и тоа го чинело пораз.
„Го играв најлошиот тенис досега. Не можев да ја најдам мојата игра. После тоа злато дојдов тука, не бев доволно спремен физички и психички, ми снема гориво. Не се пронајдов себеси. Тоа е, животот продолжува“, рече Ѓоковиќ по мечот.