вторник, 8 октомври 2024

Германскиот буџет влегол во минус поради државната помош за време на енергетската криза

Објавено на

часот

Сподели

Според прелиминарните податоци на статистичката канцеларија Дестатис, од државната каса во првите шест годинешни месеци се потрошени 42,1 милијарда евра повеќе отколку што во неа се слеале приходи.

Дефицитот на сојузната, државната и локалната влада и социјалното осигурување, мерен со уделот во бруто домашниот производ (БДП), изнесува 2,1 отсто.

Поголем буџетски дефицит од овој Германија во првото полугодие забележала во 2021, кога достигнал 4,3 отсто.

По тешката зима, најголемата европска економија не успеала да го постигне посакуваниот замав на пролет.

Бруто домашниот производ стагнирал во второто тромесечје во споредба со претходните три месеци, ги потврди Десантис прелиминарните бројки.

Во текот на зимата германската економија се намалила два квартали по ред и лизнала во таканаречена техничка рецесија.

„По благиот пад во претходните две тромесечја, германската економија на пролет се стабилизирала“, кажа шефицата на Дестатис Рут Бранд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ