вторник, 15 октомври 2024

Германски воени бродови минуваат низ Тајванскиот теснец и покрај протестите на Кина

Германија и покрај протестите на Кина останува на минувањето на своите воени бродови низ Тајванскиот теснец, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Станува збор за меѓународни води. Тоа е најкраткиот пат и, имајќи ги предвид временските прилики, најбезбедниот пат и затоа го користиме“, кажа германскиот министер за одбрана во Берлин.

Писториус со тоа ги потврди тврдењата дека германската фрегата Баден Вуртемберг и придружниот брод за снабдување Франкфурт ам Мајн се наоѓаат на влезот во Тајванскиот теснец.

Кинеското министерство за надворешни работи пред тоа остро реагираше на најавата за минување на германски воени бродови низ теснецот кој Кина го смета за свои територијални води.

„Остро ги отфрламе провокациите и заканите од други земји против сувереноста и безбедноста на Кина под изговор на слободно користење на поморските патишта“, се наведува во реакцијата на Пекинг не наведувајќи на кои земји се мисли.

Пекинг го смета Тајван за дел од Кина па и Тајванскиот теснец за свои територијални води.

Низ Тајванскиот теснец постојано минуваат американски воени бродови, како провокација за Пекинг.

Германската фрегата и придружниот брод се враќаат од мисија во Јужна Кореја каде учествувале во обезбедување на примената на санкциите против Северна Кореја. Ова е првпат од 2002 година германски воени бродови да влезат во овој теснец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ