Пиштолџијата, 54-годишен обвинет во случај во административниот суд Дахау, првин почнал да пука по судијата пред да го убие обвинителот, јавува Би-би-си.
Обвинителот бил застрелан трипати, во раката, стомакот и рамото, а починал кога бил однесен во болница.
Обвинетиот бил совладан и ставен во затвор. Наводно тој бил обвинет за ненавремено плаќање давачки. Тој наводно должел десетици илјади евра за државно осигурување. Доколку судењето завршело, му се заканувале или голема парична казна или пет години во затвор.
Обезбедувањето во германските судови би требало да биде подобрено во последните години, по неколкуте напади врз судии и обвинители. Но германските медиуми јавуваат дека очигледно обвинетиот не бил темелно претресен.
Германски обвинител убиен во баварски суд
Објавено на
часот