За актуелниот шампион ова беше трета победа по ред, а вкупно шеста сезонава (има и пет порази) со што покажува сигурни знаци на будење по лошиот старт на НБА-сезоната, која ја почна со скор 0-4. Новицки мечот го заврши со 16 поени меѓу кои се и клучните три (кош плус слободно) на 5,1 секунда до крајот со кои на „телињата“ им ја донесе победничката предност. Џејсон Тери како резервист реализира 18 поени додека кај „келтите“ најдобра партија пружи Ражон Рондо (24 поени и седум асистенции).
Причина за радост, синоќа, имаше и ветеранот во дресот на Сан Антонио спарс, Тим Данкан, кој со своите 17 поени и 11 скока не само што му донесе триумф на својот тим против Хјустон рокитс (101-95) туку успеа да се искачи на 27. место на листата на најдобри стрелци во НБА на сите времиња. Тој го мина легендарниот Лери Бирд. Данкан досега има постигнато вкупно 21.888 поени во најсилната лига на светот.
Екипата на ЛА лејкерс дојде до првата гостинска победа сезонава и тоа во дуелот со солидната Јута џез (90-87) во меч со едно продолжение. Вообичаено, творец на триумфот на „езерџиите“ беше Коби Брајант, кој мечот го заврши со учинок од 40 поени, осум скока и четири асистенции.
Гостувањето во Лос Анџелес беше непријатно искуство за актуелниот НБА-вицешампион, тимот на Мајами хит, кој по рововска битка и едно продолжение загуби во пресметката со ЛА клиперс (89-95). За „жешките“ тоа беше втор по ред пораз, а вкупно трет сезонава. Крис Пол со 27 поени беше творец на триумфот на „клиперси“ додека одлично одиграа уште и Карон Батлер и Брајан Грифин, кои постигнаа по 20 поени. Леброн Џејмс со 23 поени, 13 скока и седум асистенции беше најдобар кај Мајами.
РЕЗУЛТАТИ: Индијана-Атланта 84-96, Торонто-Сакраменто 91-98, Њујорк-Филаделфија 85-79, Њу Орлеанс-Оклахома 85-95, Чикаго-Вашингтон 78-64, Бостон-Далас 85-90, С. Антонио-Хјустон 101-95 (пр.), Јута-ЛА лејкерс 87-90 (пр.), Денвер-Њу Џерси 123-115, Портланд-Орландо (104-107), ЛА клиперс-Мајами 95-89 (пр.).
[video:http://www.youtube.com/watch?v=_TlADwdF2nQ]